Излезе од печат заедничката поетска збирка „Литературни искри” 2020

Од:

Заедничката поетска збирка на авторите учесници на конкурсот Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри” деновиве излезе од печат. Во неа се објавени по една творба на 41 автор кои ги избра жири комисијата во состав претседател Бранко Цветковски и членови Весна Ацевска и Габриела Петровска.

Годинава, на седмото издание на фестивалот во конкуренција влегоа 175 регуларни пријави во двете возрасни категории. Меѓу пријавените има поети од Босна и Херцеговина, Бугарија, Република Српска, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора). Тоа, според членот на жири комисијата Весна Ацевска го прави фестивалот побогат, поброен, пораширен, и како што наведеува одново овозможува нашата земја и нашиот македонски јазик да вградат уште една алка во веригата на поврзување на творците, јазиците, литературите и културите.

– Во таа своја мисија фестивалот, пред сѐ, им дава шанса на новите и на досега неоткриените или недоволно видените автори кај нас и во другите балкански земји да влезат во фокусот и да бидат препорачани пред пошироката публика што ја следи современата поезија. Нивните поетски светови се тематски и стилски разновидни, возбудливи и естетски заводливи, тие уште еднаш покажуваат дека денес, во современата поезија, нема еднонасочни тенденции и правци, дека секој автор самостојно, свесно или интуитивно, го синтетизира своето естетско кредо како основа на која ќе ги поставува своите естетски градби, истакнува Весна Ацевска во освртот за збирката.

Организаторите на фестивалот посочија дека и покрај предзивиците кои произлегоа од пандемијата Ковид-19 успеале, да ја продолжат традицијата со издавање на уште една, во низата изданија заеднички поетски збирки.

Координаторот на фестивалот, Слаѓана Брезовска, најави дека годинешното издание ќе се одржи во поинакви околности и за да не се прекине традицијата, организаторите решија манифестацијата да се одржи он лајн преку интернет.

– Почитувачите и љубителите на поезијата, на 24-ти мај во 13 часот треба да се приклучат на социјалната мрежа фејсбук, на официјалната страна на фестивалот „Меѓународен поетски фестивал Литературни искри”. На тој начин, „он-лајн” ќе го го проследат фестивалот кој тематски е поделен на два дела. Првиот дел се состои од видео обраќања на 12-те финалисти кои ќе се претстават со нивните биографии и со читање на по една своја песна, вели Брезовска.

За време на настанот, членовите на жири комисијата ќе имаат обраќања, а во музичкиот дел ќе настапи и едно „звучно“ име од макадонската сцена. Во вториот дел, по полчасовна пауза, ќе следува прогласувањето на наградените.

Кординаторката Слаѓана Брезовска посочи дека е донесена одлука за трајно одбележување на фестивалот, па така ќе има и електронска верзија која ќе биде достапна на некој интернет каналите.

– Споредено со сите досегашни изданија, кои беа реализирани во живо, во периодов со рестриктивни мерки поради пандемијата, некои изданија беа емитувани преку стриминг, но подоцна не беа достапни за повторно прегледување. Токму од тие причини, проценивме дека со електронскиот запис нашиот фестивал ќе привлече многу поголем број на публика и секогаш би бил достапен за гледање и споделување, подвлече Брезовска.

Од фестивалот упатија отворена покана до сите љубители на пишаниот збор, да ја заследат фејсбук страната на фестивалот https://www.facebook.com/literaturniiskri/ и на 24-ти мај да уживаат во поезијата на финалистите.

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни Искри” се организира во чест на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска