Излезе од печат „Стрип Алманах“ бр. 4

Од:

Во издание на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, со поддршка од Министерството за култура, деновиве од печат излезе четвртиот број на публикацијата „Стрип Алманах“.

Станува збор за збирка дела од деветтата уметност – колективен труд на група млади македонски уметници предводени од сценаристот Александар Стеванов.

Стеванов посочи дека повеќето од стриповите презентирани на страниците на оваа публикација се од понова продукција, а воедно и дел од оние постарите се објавени премиерно во печатена форма.

Во улога на илустратори на објавените дела се јавуваат Дарко Богданов, Весна Ничевска, Катерина Николовска-Тери, Мирко Бојаџијевски, Стефан Коцевски и Елиза де Соуза.

– Од детски стрипови, преку исклучиво формалистички, па до такви инспирирани од историјата и суперхероите, се работи за навистина шаренолика публикација. Верувам дека секој еден би пронашол нешто интересно во ваквиот колаж од жанрови и стилови, изјави Стеванов.

Како специјално издание на магазинот „Стрип Креатор“, првиот број на „Стрип Алманах“ излезе во 2015 година. По двегодишна пауза, преку овој четврти број, македонските вљубеници во стрипот одново имаат можност да уживаат во селекција на најнови дела од домашната стрип-сцена.

Би можело да ве интересира

Првата награда за Александар Стеванов и Катерина Николовска-Тери на стрип фестивалот во Ваљево

Ана Ололовска

Најавен нов стрип-албум за Астерикс и Обеликс

Ана Ололовска

Завршна стрип-изложба на Стрип-центарoт на Македонија – Велес

Ана Ололовска

СЦМ-Велес со стрип изложба во Битола

Ана Ололовска

Распишан конкурс за „Лифт“ – стрип на годината

Ана Ололовска

Стрип центарот на Македонија – Велес објави нови стрип книги

Ана Ололовска