Излезе од печат книгата поезија „Топли билки“ од Бојан Васиќ

Од:

Во издание на Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола, излезе од печат книгата поезија „Топли билки“ од српскиот поет Бојан Васиќ.

Препевот од српски јазик го направи Ленче Милошевска. Издавањето на книгата финансиски е поддржано од Европската унија преку проектот „Регионална мрежа за културна соработка“, во локална имплементација на Гете институтот од Скопје и Центарот за балканска соработка – Лоја од Тетово.

Бојан Васиќ е автор од помладата генерација. Роден во банатско Ново Село во 1985 година. Дипломирал српски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Автор е на седум книги поезија. За книгата „Топли билки“ ги добил наградите: “Мирослав Антиќ“ и „Васко Попа“. „Топли билки“ е негова прва книга преведена на македонскин јазик.

Како што посочи рецензентот Мирјана Стојановска, книгата содржи педесет песни заокружени во една тематска целина посветена на растенијата, дрвјата, билките, тревките како лирски субјекти преку кои поетот ја гради семантичката рамка на својот филозофско-метафоричен пристап кон поезијата.

-Сакако дека една ваква перцепција на светот на растенијата произлегува од искуственото доживување на поетот со непосреден живот во природата преку кој поетот Бојан Васиќ успева да изгради една своја автентична препознатлива поетска архитектура како сублимат на модерното, надреалистичко и симболичко толкување во меланхоличното чувствување на животот на постмодерната разградба, истакнува Стојановска во поговорот на оваа книга.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска