Излезе книгата „Јазикот е чудна ѕверка“ на Марина Костова

Од:

Во издание на „Или-Или“ излезе книгата „Јазикот е чудна ѕверка“ на Марина Костова, хибридна збирка со куси лични истории, рецензии и есеи. Книгата е достапна во книжарницата на „Или-Или“, а во рамките на Саемот на книгата од 3 до 9 мај во салата „Борис Трајковски“, авторката ќе ја потпишува на 6 мај од 17-19 часот.

„Јазикот е чудна ѕверка“ е конципирана како флуиден текст кој иако преоѓа од еден во друг жанр, за заеднички именител го има пишувањето како алатка за уживање во зборот односно јазикот. Личните истории имаат формат на куса проза во која се прожима носталгично доживување на урбан живот во Скопје во распон од речиси 50 години. Рецензиите за филм анализираат домашни и странски филмски дела во распон од 20 години, но исто како и рецензиите за медиуми и есеите, во суштина го истражуваат духот на совремието, општествените промени и нивното промислување. Меракот за текст е она што ги спојува различните делови во збирката.

Дизајнот на корицата е на германскиот уметник Ангел Паневски, а поговорот е на Милчо Манчевски.

„Никогаш не планирав да напишам книга. Едноставно сакам да пишувам, и пишувам – професионално, ама и за себе. Моите блиски кои го читаа тоа што го пишувам ме кандисаа да го соберам напишаното во една книга. Кога ги ставив сите зборови на куп, сфатив дека мојата љубов кон пишувањето и кон зборот е она што ги спојува овие различни текстови: прозни цртички, сеќавања, есеи, рецензии, интервјуа, теоретски размислувања, афоризми, поезија…“, вели Костова.

Режисерот Манчевски во поговорот меѓу другото вели: „Марина Костова го сака секој збор, а го одбира најсоодветниот. Нејзиното пишување оди наспроти моменталните тажни текови во јавно искажаниот збор кај нас. Додека јавниот простор тука е сè позагаден, текстовите на Марина се како игла: безмилосно аскетски, беспрекорно прецизни во исказот, во емоцијата и во интелектуалната намера; без сало, а богати со значење, чувство и убавина“.

Марина Костова е наградувана новинарка и филмска критичарка. Таа е заменичка-главен уредник и членка на основачкиот состав на Дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК (www.sdk.mk). Авторка е на монографијата „Манчевски“ и на книгата „Дожд, светот за Пред дождот на Милчо Манчевски“, кои како македонски артефакти се достапни во над 120 национални и универзитетски библиотеки во светот.

Би можело да ве интересира

Излезе од печат романот „Столб што пее“ од Томислав Османли

Ана Ололовска

Современиот класик „Сто години самотија“ од Габриел Гарсија Маркес излезе од печат во издание на „Арс Ламина“

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски

Ана Ололовска

Пеца Поповиќ промовира три книги во Скопје

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Приказни за деца и животни“ од Тихомир Јанчовски

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Луѓенца“ од Лилјана Пандева

Ана Ололовска