Издаден прв роман на авторот Ковилоски, долгогодишен работник во секторот за ресоцијализација на КПД „Идризово“

Од:

Деновиве во македонскиот литературен етер се појави романот „Кралеви од улиците“ од авторот Александар Ковилоски.

Приказната во него изобилува со дрога, маалски живот, емоционални односи, затвор и затворенички живот, погрешни размислувања, и сето она во што може да западне младиот човек.

Преку дејствијата на главниот лик романот ги доловува вредностите во животот и истите ги преиспитува, а приказните во него се приземјени и сведени на реалниот живот.

„Кралеви од улиците“ иако изобилува со шеги, е експлицитен и сериозен роман, и начинот на кој е напишан сосема се вклопува во времето во кое живееме денес.

Тој се состои од три дела: првиот е запознавање со ликовите и нивниот начин на живот, вториот навлегува подлабоко во приказната и на некој начин е кулминација на дејствијата, додека третиот го опишува животот во затворите и ја појаснува кулминацијата од вториот дел.

Авторот Александар Ковилоски, е долгогодишен работник во секторот за ресоцијализација на КПД „Идризово“. Автор е на повеќе книги од стручната литература, на осуденичкиот весник „Искра“ кој го создава заедно со осудените лица, и на повеќе програми од областа на затворската проблематика. Ова е неговиот прв роман.

Би можело да ве интересира

Објавен романот за деца „Добар ден, тато“ на хрватскиот писател Стјепан Томаш

Нов роман на Фросина Пармаковска

Објавен на македонски романот „Би можела да се вика Леда“ од хрватскиот автор Марко Грегур

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон

Нова книга со раскази „Деконструкција на празнината“ од Даниела Андоновска-Трајковска

Распишана наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“