Избрани најдобрите карикатури на конкурсот „Поплава, поплава“

Од:

Захра Кадем Шаријат од Иран е добитник на Златната маска на меѓународниот конкурс за карикатура „Поплава, поплава“, одлучи Жири комисијата на Меѓународната културно-научна манифестација „Печалбарски денови“ и Вевчанското културно лето „ВЕВКУЛ 2015“.

dobivaj vesti na viber

Добитници на Сребрена маска се Луис Пол од Австралија и Маргарита Јанчева од Бугарија, а на Бронзената Рикардно Фереира од Португалија, Семеренко Владимир од Русија и Дору Ахинта од Романија.

Сите стотина пристигнати карикарури на конкурсот ќе бидат претставени на меѓународната изложба на карикатури во јули, годинава во Вевчани, која ќе гостува и во неколку градови во Македонија.

На конкурсот покрај од Македонија, пристигнаа карикатури од повеќе земји, меѓу кои Бугарија, Србија, Романија, Полска, Украина, Англија, Израел, Иран, Португалија и Русија.

Би можело да ве интересира

Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

Ана Ололовска

Изложбата на карикатури на тема Ковид-19 во Делчево

А1он

Карикатуристот Крстевски на меѓународна изложба во Берлин

А1он

Објавен конкурсот за карикатура на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“

А1он

Битолскиот карикатурист Блаже Докуле награден во Сеул

Ана Ололовска

Објавен конкурсот за 21. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам

Ана Ололовска