Избор поезија на млади македонски автори објавен во Словенија

Од:

Македонското културно друштво „Македонија“ од Љубљана објави избор од поезијата на млади македонски автори, насловен „(Не)пар / (Ne)par: Dvojezični izbor sveže makedonske literature“.

Во изборот се опфатени 22 песни заедно со био-библиографски белешки на поетите: Јосип Коцев, Маријана Јанческа, Снежана Стојчевска, Катерина Гогова и Стефан Марковски.

Изборот е во превод на група преведувачи под менторство на Намита Субиото, македонистка од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана и Лара Миховиловиќ, професорка по македонски јазик, поетеса и преведувач.

Изборот „(Не)пар…“ ќе биде промовиран во декември во рамки на манифестацијата „Прешерново оро“ во Крањ, Словенија.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска