Изабел Ипер го доби признанието „Почесното срце на Сараево”

Од:

На свеченоста по повод 25. издание на Сараевскиот филмски фестивал, на француската глумица Изабел Ипер синоќа ѝ беше доделено признание „Почесното срце на Сараево” за исклучителен придонес во филмската уметност.

Најпознати нејзини улоги се оние во филмовите „Пијанистка”, „Бело робје”, „Таа”, „ Грета” и многу други. Славната актерка изјави дека е почестена и горда на наградата. – Сараево е центар на Европа, а на Европа, посебно во последно време ѝ треба многу грижа. За мене е огромна чест да бидам овде, оти Сараево е отелотворување на замислата на космополитизмот, нагласи Ипер.

Изабел Ипер е легендарна филмска и театарска глумица. Во својата петдецениска кариера, таа соработувала со мноштво славни режисери, како Мишел Ханеке, Клод Шаброл, Жан-Лук Годард, Ото Премингер, Бертран Таверние, Бертран Блие, Клар Денис, Пoл Верхоевен…

Публиката ден претходно имаше прилика да ја погледне и во филмот „Френки” на американскиот режисер Ајра Сакс, каде што Ипер ја има главната улога.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето