Испратена порака за мир, љубов и пријателство од учесниците на Вевчанската ликовна колонија

Од:

Учесниците на четвртата Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ денеска во водите на Вевчанска Река од Елкиниот мост испратија порака во шише за мир, љубов и пријателство меѓу сите луѓе во светот.

Пораката, како што информира координаторот на проектот „Вевчански видувања“ Живко Кондев, е потпишана од ликовните творци кои учествуваат на колонијата, а иницијатор е уметникот Живко Попоски.

– Денеска во Вевчанската река на Елкин мост во непосредна близина на центарот на Вевчани од страна на учесниците на годинешната ликовна колонија беше испратена порака во шише, поточно порака за мир, љубов, пријателство меѓу сите народи и луѓе во светот, изјави Кондев.

Пораката, додаде тој, е напишана на македонски и на локален вевчански јазик, како и на руски, француски, албански, бугарски, грчки, српски и на арапски јазик.

Оваа година на традицоналната манифестација „Вевчански видувања“, според Кондев, учествуваат над 26 уметници од Македонија и земјите од регионот меѓу кои Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија, Грција, Франција, Русија и Египет.

Учесниците на колонијата преку своите дела ќе ја промовираат меѓусебната почит и толеранција на народите во светот, со цел зближување и запознавање на различните културни и традиционални вредности.

Традиционалната меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ се одржува од 26 јуни до 10 јули, во организација на Меѓународната фондација „Киро Глигоров“ и „ВИА“ ДОО од Вевчани.

Би можело да ве интересира

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња

СДСМ: Градоначалникот на Вевчани и ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да поднесат навремена апликација за финансирање на Карневалот

Ана Ололовска

Влајнкиноски: И покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кочовски: Вевчанскиот карневал продолжува и оваа година и покрај немање поддршка од Mинистерството за култура

Ана Ололовска

Кривична пријава за лажниот лекар од Вевачни за надрилекарство, измама и за фалсификување

Катерина Ѓуровски