Исмаили: Институциите од областа на културата со онлајн програма

Од:

Министерот за култура Хусни Исмаили преку видеопорака информира дека со цел олеснување на мерките и препораките на Влдата против ширењето на корона вирусот нацијоналните установи од областа на културата од минатата недела започнаа со емитување он лајн програма со што активно даваат свој придонес публиката и пошироката јавност да останат дома следејќи ги нивните програмски содржини.

Министерот Исмаили посочувајќи дел од содржините, посочи дека на јутјуб каналите на МНТ, Театарот Комедија, кумановскиот театар, Народниот театар од Охрид веќе се емтиуваат претстави на репертоарот од овие установи, додека Татарот за деца и младинци ќе емитува дел од своите претстави секоја недела во 12 часот на МРТВ.

Националната галеирја чии три објекти се затворени за посетителите, за љубителите на уметноста овозможува на интернет да ја видат јубилејната изложба по повод 70 години постоење на институцијата, а пак нивниот фејсбук профил постојано постира дел на наши еминетни уметници како и информации за авотирте и нивните дела.

Како дел од светската кампања на музеи, галерии уметнички простор за емитување он лајн видео и сликови содржини Археолошкиот музеј ја продолжи комуникација со јавноста објавувајќи едукативни видеа со аудио на раце и знаковен јазик. Видеата кои се само еден дел од првиот реализиран чекор од проектот пристапен музеј кој е поддржан од балканската музејска мрежа и нуди можност за јавноста на виртуелна посета на ексклузивна интенрационална изложба 100 години Требениште.

Националната установа Музеј на современа борба за самостојност е затворен за посета, но ја продлжува својата комуникација со посетителите преку каналите на социјалните мрежи, фејсбук и гогле бизнис и тоа со интерактивната 3Д веб сцена посветена на аферата Мистон а со презентација на инклузивниот водич Минато на дланка и музејските приказни со цел едукација за културното историско наследство

Музејот на РСМ на својата веб страница и фејсбук профил прикажува етнолошки документарни филмови во продукција на музејот.

Филхармонија започна со емитување на дел од своите симфониски концерти и концерти за деца на ју тјуб каналот и на социјалните мрежи, а љубителите на македонскиот музејски сценски фолклор секоја сабота на ју тјуб канлаот на НУ Танец може да ги следат сите концерти од минатогодишнат ајубилејна сезона што се одвиваше под мотото Остани во чекор.

– Ова е само мал дел од активностите на националните установи кои граѓаните може да ги проследат додека се во своите домови, наведува во видеопораката Исмаили.

Посочува и дека вториот канал на Македонската телевизија ќе емитува театарски претстави на албански јазик секој вторник во 20:30 часот и секоја недела во 20 часот.

-Ве повикувам да ги почитувате препораките на Владата, останете дома и следете културни содржини, порачува во своето видео-обраќање министерот Исмаили.

Би можело да ве интересира

Онлајн-програма на „Разигран плоштад 2020“

Ана Ололовска

Барање за финансиска поддршка за домашната вонинституционална културна сцена како резултат на кризата со коронавирусот

Ана Ололовска

Отворена меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

А1он

Конкурс за доделување на државната награда „22 Ноември”

Ана Ололовска

Миланската оперска куќа Ла Скала поради пандемијата изгуби 23 милиони евра

А1он

Макрон најави мерки за спас на француската култура погодена од коронавирусот

А1он