Интернационална фестивалска вечер на „Илинденски“ денови во Битола

Од:

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ продолжува со интернационална вечер на музика и игра на која ќе настапат фолклорни друштва и групи од три континенти.

Според програмата, фестивалската вечер ќе ја отворат членовите на Кралската уметничка група „Алкуоне“ од Белгија, а веднаш по нив ќе настапи ансамблот „Паџети“ од италијанското приморско гратче Минтурно.

Од НУ Центар за култура-Битола информираат дека за интернационалната фестивалска вечер посебни содржини подготвиле танцовата група „Халелуја“ од Израел и „Шилпагија“ од осум милионскиот индискиот град Ахмедабад, кои и синоќа приредија атрактивен фолклор.

-Фолклорната група „Шилпагија“ годинава одбележува мал јубилеј, 15 години од формирањето и за првпат гостува на Балканот. Лично сметам дека привилегија е да ја претставуваш својата нација на било кое место во светот, а кога прашуваат по што е познат нашиот град Ахмедабад, со задоволство истакнуваме дека тоа е градот во кој е роден Махатма Ганди, изјави за МИА, основачот на фолкорната група „Шилпагија“, Бихан Ша.

Во Битола се и членови на фолклорната група „Кладец“од Москва кои на фестивалот „Илинденски денови“ гостуваат по препорака на Министерството за култура на Руската федерација, а за прв пат во земјава и во градот под Пелистер како и сите фолкорни групи од странство, пред публиката во овој град ќе настапат и членовите на фолклорниот ансамбл „Монтереал“ од Мексико.

На интернационалната вечер како репрезенти на македонскиот фолклор ќе настапат ансамблите „Битола“ и „Гоце Делчев“, потврди организаторот на 49. издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска