Инклузивна ликовна колонија во Папрадиште

Од:

Во планинарскиот дом во Папрадиште денеска се одржа еднодневна инклузивна ликовна колонија на која учествуваа 13 деца од велешките редовни основни и од Посебното училиште „Маца Овчарова“.

Како што појасни Зага Колодезни, носител на проектoт „Ликовен инклузивен караван“, целта на ликовните колонии и работилници што ги организираат е преку нив да се подобри социјалната инклузија на деца и млади со попреченост на возраст од 13 до 15 години преку ликовно творење заедно со нивни врсници од редовните основни училишта, со меѓусебно запознавање и другарување.

-Децата денеска најпрво се запознаа со природните убавини на Папрадиште,потоа собираа цвеќиња,папрати и лисја кои им служеа како печати со кои правеа интересни слики, појасни Колодезни.

На новите ликовни техники ги упатија ликовните ментори на проектот професорите по ликовно, Елена Димова Пантелиќ и Драганчо Таневски.

Првата ликовна колонија Езерски бранувања од 13 до 18 јули ја одржаа на брегот на Охриското Езеро, а беа сместени во детското одмаралиште „Мајски цвет“ во Струга. Ќе следи и трета инклузивна ликовна колонија во археолошкиот локалитет Стоби на 14 следниот месец.

Сите дела од трите инлузивни ликовни колонии, како и делата од неколкуте претходно одржани работилници во Велес, на крајот од проектот ќе бидат изложени на продожна изложба што ја планираат на почетокот на октомври во Велес, а ќе биде промовиран и каталогот со сите изработки.

– Средствата собрани од продажбата на делата ќе бидат наменети за организирање нови креативни работилници помеѓу децата и младите со попреченост и со типичен развој. Со тоа ќе овозможиме подигање на инклузивната култура како помеѓу младите, но и кај возрасните, појаснува дефектологот Колодезни.

Би можело да ве интересира

Во Велес промовирана книгата „Маалски прикаски (1 + 2)“ од Синиша Станковиќ

Ана Ололовска

Музејот Прадо полни 200 години

Татјана Ташкова

Копија на Мона Лиза од 17 век продадена за 552.500 евра

„Скопје, одново“ – Изложба за најголемата меѓународна акција на солидарност во уметноста

Промовирана фотомонографија „Црвениот виор на Тоде Ивановски“ од авторот Данка Јанковска

Ана Ололовска

Гевгелиските фасади се разубавуваат со мурали

Ана Ололовска