Ин мемориам – Васил Шишков (30.01.1970-21.12.2014)

Од:

Македонскиот актер Васил Шишков почина од срцев удар на 21. декември 2014-та година. Последната улога која ја одигра е улогата за која веројатно беше најсреќен – го глумеше својот татко, актерот Ристо Шишков.

vasil-siskov-scena

Шишков е роден на 30-ти јануари 1970. На 24 години дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Како професионален актер дебитирал, уште студент, на сцената на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп 1993, играјќи го Марко Крале во истоимената пиеса на Младен Србиновски. Претставата ја режирал Љубиша Георгиевски.

vasil-siskov-scena12

Веднаш по дипломирањето, 1994, станал член на драмскиот ансамбл на МНТ со кој, во текот на изминативе две децении, одиграл дваесеттина ролји. Гостувал и во театрите во Велес и Струмица. Играл во неколку македонски филмови и телевизиски драми.

vasil-siskov-scena1

Својата последна ролја Васил Шишков ја одиграл во претставата „Вечната куќа“, со која на 7. ноември 2013-та беше отворена новата зграда на Македонски народен театар. По изборот на Јордан Плевнеш, автор на текстот, и на Дејан Пројковски, режисер на претставата, токму нему му било доверено да го игра митскиот македонски актер Ристо Шишков, неговиот татко кој починал 1986, на 46-годишна возраст.

vasil-siskov-scena14

Комеморацијата ќе се одржи на 23-ти декември во 11 часот – Македонски народен театар

Погребот на Васил Шишков ќе биде одржан на 23-ти декември на градските гробишта Бутел (капела од 12:00 до 13:00).

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска