„Импулс#волумен14“ на Скопје танцов театар во МКЦ

Од:

Скопје танцовиот театар вечер од 20 часот во Младинскиот културен центар ќер ја изведе претставата „Импулс#волумен14“ во кореографија на Рисима Рисимкин, Дејан Битровски и кореографот од Прага Шимон Кубан.

Претставата има неколку дела – во првиот е кореографијата „Апстракт/Бои“ на Рисима Рисимкин, специјално подготвена за танчарите студенти на завршна година на Катедрата за современ танц на Штипскиот универзитет: Сара Цветковска, Јована Зајкова, Бобан Русески и Тереза Лазарев. Вториот дел „Online“ е кореографија на Дејан Битровски и ќе настапи Анастасија Данчевска, танчарка на Скопје танцовиот театар.

Последните две кореографии „Ноември“ и „Flesh & Bone“ се на Шимон Кубан, со настап на танчарите на Скопје танцов театар: Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Тринга Хиса и Џорџа Лили (стажантка од Италија) и студентите од Катедрата за современ танц од Штипскиот универзитет: Сара Цветковска, Јована Зајкова, Тереза Лазарев, Бобан Русески, Исидора Краљевска, Борис Богдановски, Ивана Балабанова и Дамла Пинар Башар од Турција.

Чешкиот кореограф Шимон Кубан во Скопје е еден месец и кореографиите „Ноември“ и „Flesh & Bone“ се резултат на неговиот престој како резидент-кореограф за Скопје танцовиот театар.

На нашата публика и е познат по кореографијата „База“ за танчарите на КОДАРТС, кои настапија во претставата „Таленти во движење“ на „Танц фест 2019“. Кубан има завршено студии за современ танц во Прага, а искуство како тенчар стекнал работејќи со повеќе компании во Чешка.

Би можело да ве интересира

Шеснаесеттиот „Танц фест“ ќе се одржува наесен во фази

Ана Ололовска

Распоред на онлајн-претстави на Скопје танцов театар до петок

Ана Ололовска

Скопје танцовиот театар бесплатно ќе емитува претстави во сопствена продукција на својот Јутјуб канал

Ана Ололовска

Скопје танцов театар од понеделник ќе емитува претстави од сопствена продукција на својот Јутјуб канал

Ана Ололовска

„Арт балет“ од Скопје освои седум златни медали на Европското првенство по танц во Москва

Ана Ололовска

Отворен повик за млади уметници на „Инкубатор“ програмата за култура

Ана Ололовска