Младиот охридски режисер Илија Пиперкоски, кој студираше режија во Романија, ќе го почне со снимање на документарно играниот филм “Последниот Македонец од Македонија”.
Продуцент на филмот е Снежана Лупеска.Финансиран е од Филмскиот фонд на Македонија,а реализацијата е на “Тринити плус”.
Првата клапа на овој играно документарен филм ќе падне во Битола, а темата е Букурешкиот договор и последиците од него за Македонија,па ако сакате и за Балканот.
Годинава навршуваат 100 години од поптишувањето на договорот во Букурешт со кој беше поделена Македонија по Втората балканска војна на три дела.