Икона со ангелот од Курбиново подарок за Хворостовски

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на рускиот баритон Дмитри Хворостовски му подари икона со приказ на ангелот од Курбиново, изработена од монасите во манастирот Зрзе.

Хворостовски, кој  настапи на отворањето на фестивалот Охридско лето во Античкииот театар, истакна дека е среќен што добил дел од македонското културно наследство, соопшти денеска Министерството за култура.

– Македонската публика е многу топла, пријателска, бев многу возбуден што пеев на оваа прекрасна сцена, од сета оваа убавина што ме опкружува. Бевме благословени и со прекрасно време. Многу сум среќен што дојдов. Не ми требаше многу за да прифатам да дојдам на фестивалот. Сигурно пак ќе дојдам и ќе го донесам целото мое семејство овде, рече по концертот Хворостовски.

Диригентот Константин Орбелиан, пак, од  македонската министерка за култура доби  сребрена пеперутка во рамка, копија на оргиналната пеперутката од филигран, препознатлива за Македонија.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма

Музичка вечер на „Охридско лето“ со концертот на професионалниот мешан хор „Про Арс“

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов

Црногорскиот виртуоз на виолина Роман Симовиќ на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад

Предраг Петровиќ

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор