„И на небо и на земја, нова книга на отец Милан Ѓорѓевиќ

Од:

„И на небо и на земја“ е новата книга на македонскиот теолог и философ отец д-р Милан Ѓорѓевиќ, што ја објави издавачката куќа Паблишер. Ова е трета книга на Ѓорѓевиќ и претставува кодекс на научни и есеистички сочиненија групирани во три поглавја. Отец Милан Ѓорѓевиќ е вонреден професор на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Централната тема која ги проникнува сите три тематско-методолошки целини на книгата е тензијата меѓу историското и метаисториското, од една страна, и тензијата меѓу различните димензии за историчноста, од друга страна. Насловот „И на небо и на земја“ кореспондира со светоотечка максима „во овој свет, но не од овој свет“, која се однесува на присуството на Црквата во светот и историјата.

Во текстовите поместени во книгата опфатени се тематски области како современото истражување на византиската философија, патристиката, систематското и евхаристиското богословие, потем историјата на просветителството во Македонија, меѓукултурниот и меѓурелигискиот дијалог, политичката философија, културната историја, критиката на идеологијата, етиката, психологиајта, просветата, литературата, филмот, празниците и обичаите, човековите права, воспитанието и образованието, дигиталната култура итн.

Отец д-р Милан Ѓорѓевиќ е автор на монографијата Nikolas Kabasials – ein Weg zu einer Synthese der Traditionen објавена за издавачката куќа Peeters во серијата „Recherches de Théologie et Philosophie médiévales – Bibliotheca“ на германски јазик, како и на монографијата Византија во дијалог. Автор е на повеќе од 40 научни трудови од областа на философската и теолошката византологија, патрологијата, христијанската етика и аскетското богословие, пастирската психологија и книжевноста.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска