Хворостовски: Среќен сум што сум дел од „Охридско лето“

Од:

Оперската ѕвезда Дмитри Хворостовски со целовечерен настап утре ќе го отвори 53-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

– Дојдете и уживајте на утрешниот концерт, порача попладнево на прес-конференција Хворостовски.

Тој во Охрид пристигна со синот Максим, а пред хотелот Инекс Горца ги пречека диригентот и негов личен пријател Константин Орбелиан.

– Јас, син ми Максим и маестро Константин Орбелиан сме среќни што ќе бидеме дел од свечената церемонија на отворањето на 53. издание на фестивалот „Охридско лето“, рече тој.

Селекторот на музичката програма на Фестивалот Гордана Јосифова Неделкова на прес-конференцијата посочи дека свеченото отворање на „Охридско лето“ е секогаш настан што привлекува посебно внимание како на стручната така и на пошироката публика.

– Тоа е секогаш е спектакл кој долго се памети. За утрешниот концерт  веруваме дека е вистински избор со уметник од светски ранг. Иако критиката кажува дека во класичната музика има малку ѕвезди токму Дмитри е една од нив. Прекрасната боја на неговиот глас, перфектната интонација, страста и елеганцијата во неговата изведба, заедно со беспрекорната техника се гаранција за несекојдневно доживување, рече таа.

На Програмата на свеченото отворање се избрани творби за изведба на баритон од Белини, вагнер, Верди, Рубенштајн… Покрај редовната програма за свеченото отворање на фестивалот, предвидени се два биса на кои славниот уметник ќе ги исполни композициите „О соле мио“ и „Очи чорније“.

Инаку, за вечерва е закажана и генерална проба во Античкиот театар. Досега оркестарот и хорот на Македонската опера и балет имаа три проби со диригентот Орбелијан, кој раководи со концертите на кој настапува Хворостовски.

Меѓународно признатиот руски баритон е роден во Краснојарск, Сибир, Русија. Во 1989 година ја освоил престижната награда „Кардиф“ на светски натпревар. Од почетокот на неговата кариера, публиката беше одушевена од неговиот култивиран глас, природното легато. По оперското деби на Запад, во операта во Ница со „Пикова дама“ на Чајковски, неговата кариера доживеа врв во најголемите оперски куќи и фестивали, меѓу кои Ројал опера хаус, Ковент гарден, Метрополитен, Париската опера, Миланска Скала. Неговата агенда е пребукирана до 2016 година.

Тој има силен музички и личен контакт со Русија. Станал првиот оперски пејач што настапил соло со оркестар и хор на Црвениот плоштад во Москва, концерт пренесуван во повеќе од 25 држави.

Има номинација за наградата „Греми“, за оперски музички запис.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма

Музичка вечер на „Охридско лето“ со концертот на професионалниот мешан хор „Про Арс“

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов

Црногорскиот виртуоз на виолина Роман Симовиќ на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад

Предраг Петровиќ

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор