Хусто Хорхе Падрон застапен во новото издание на битолски „Современи дијалози“

Од:

Шпанскиот поет Хисто Хорхе Падрон е еден од повеќето странски и македонски поети и писатели застапени во најновиот број на списанието за култура и литература „Современи дијалози“ чиј издавач е Македонско научно друштво-Битола.

Во годината на јубилејот, односно шест децении од формирањето на МНД-Битола, списанието кое е отпечатено со финансиска поддршка на Министерството за култура, на 258 страници е исполнето со поезија, проза, книжевни критики, рецензии и други содржини.

-Списанието за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ осум години успешно егзистира во биотопот на современата македонска и светска литература, култура и уметност. Списанието е со меѓународен уредувачки одбор во чиј состав се истакнати колеги од Словачка, Србија, Велика Британија, Русија, Саудиска Арабија и други кои учествуваа во креирањето на содржината исполнета со околу 120 творби на над четириесет македонски писатели, научни работници и ликовни уметници и 160 творби на писатели од странство, кои поеднакво ни се важни, а меѓу нив, еден од најпреведуваните шпански поети Хусто Хорхе Падрон, кого во оваа наша славенечки година, лично го обезбеди проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска, членка на редакцијата и претседател на уредувачкиот совет во МНД-Битола, истакна проф. Весна Мундишевска Велјановска, главен уредник на списанието.

За најновиот број на списанието „Современи дијалози“ чиј издавач е Македонско научно друштво-Битола публикувани се информации во стручни списанија во НР Кина, Црна Гора, Романија и други држави, информираат од МНД-Битола.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска