Христина Ивановска ги изложува своите најнови дела

Од:

Познатата македонска уметницата Христина Иваноска ја отвора својата најнова самостојна изложба насловена „La Mystérique (патот кон милостa)“. Изложбата ќе се отвори вечерва, со почеток во 20 часот во галеријата СИА (Serious Interests Agency) и ќе биде дел од третото по ред издание на симпозиумот „Кураторски размени 3: Курирање општество и продукција на моќ“. Куратор на изложбата и програмата на симпозиумот е Јане Чаловски. Изложбата е организирана од „Проектен простор Прес ту егзит“.

Христина Иваноска и културниот теоретичар Искра Гешоска ќе иницираат разговор за време на отворањето на изложбата.

Изложбата ги прикажува нaјновите дела на Иваноска работени во различен медиум, а инспирирани од списите на Симон Веил (Simone Weil), француски филозоф од еврејско потекло, христијански мистик и политичка активистка, и Лис Иригаре (Luce Irigaray), француска феминистка, филозоф и културен теоретичар.

Делата се однесуваат на сомнежот и стремежот тогаш кога личноста се соочува со своето политичкото, општественото и спиритуалното себство. Веил, посветена христијанка, ја преиспитува својата вера во Бога откако ќе престане да верува дека крштевањето ќе ja осигура нејзината светост. Делата на Лис Иригаре на некој начин ја објаснуваат емоционалната и необјаснива (љубовна) релација со Бог. Во нејзиниот текст “La Mystérique” од нејзината книга Speculum de l’autre femme (1974), таа ја преиспитува посветеноста на жената кон Бога, прашувајќи се: Но ако човек не е повикан, како да се справи со ова, дури и да поседува страст за вакви потфати?

„Кураторски размени“е годишен симпозиум кој ја третира локалната и регионална потреба од квалитативна размена на знаење и искуства кои се однесуваат на уметнички истражувања, кураторски практики и едукација.

„Кураторски размени 3: Курирање општество и продукција на моќ“ се одржува од 7 до 9 мај и е подготвен со намера да се осврне на прашањето за тоа како теолошки, политички и економски изведениот дискурс денес, може да курира општествено критички концепт, или, на кој начин дискурсот произведен од државата, теологијата и политиката се вклопува во денешниот културен контекст. Освен изложбата на Христина Иваноска и разговор помеѓу авторката и културниот теоретичар Искра Гешоска, програмата вклучува предавање од проф. Гил Аниџар (Gil Anidjar) и проф. Софија Грандаковска.

Симпозиумот е инициран во 2012, a овогодинешното издание на е поддржанo од Министерството за култура на Република и е реализирано во партнерство со ГЕМ (Граѓани за европска Македонија) и СИА (Serious Interest Agency).

Христина Иваноска дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Има реализирано бројни самостојни и групни изложби и проекти во земјата и странство меѓу кои: Москва (2010), Стокхолм (2008), Љубљана (2008), Белград (2007), Лондон (2006), Скопје (2005, 1999, 1998), Босвил (1998) и други. Остварила студиски престој преку Артслинк во Кливеленд институтот за уметности (2004), како и резидентен студиски престој во ИАСПИС, Шведска (2008). Во соработка со Јане Чаловски работи на заеднички авторски проекти од 2000 година; во 2004 го основаат Проектен простор Прес ту Егзит и дејствуваат во независниот културен сектор во Mакедонија и регионот.

Искра Гешоска дејствува во независниот културен сектор повеќе од 20 години. Таа е претседател на Контрапункт – асоцијација за развој на критичка мисла, културни политики и активизам. Во приодот од 2002 – 2010 раководеше со независниот културен центар Точка. Теориска сфера на нејзин интерес се политичките и естетските преплетувања во социо-културниот контекст. Пишува и објавува есеи и критички текстови поврзани со третманот на социо-културните феномени, како и текстови од сферата на изведувачките и визуелните уметности.

Јане Чаловски е уметник, истражувач, и куратор. Има реализирано бројни меѓународни самостојни и групни изложби и проекти. Живее и работи во Скопје каде што дејствува во независниот културен сектор од 2004.

Би можело да ве интересира

Центар Јадро ќе го претстави творештвото на уметницата Моника Мотеска

Ана Ололовска

Јавни презентации на професорките Сасен и Дескова во Музејот на современата уметност – Скопје

Ана Ололовска

Биљана Тануровска – Ќулавковски и Ивана Васева добитнички на наградата за ликовна критика „Ладислав Баришиќ“

Ана Ололовска

Уметничка акција посветена на климатските промени

Ана Ололовска

Трета научна конференција и Четврта летна школа во манастирот „Свети Јован Претеча“ – Слепче

Ана Ололовска

КСП Центар-Јадро ќе ги презентира делата на визуелниот уметник Јане Чаловски

Ана Ололовска

Leave a Comment

thirteen − 1 =