Холандскиот писател Илја Леонард Фајфер гостин на третиот „Букстар“

Од:

Третиот Фестивал на европската книжевност „Букстар“ (BookStar) вечер од 20 часот во Клуб ресторанот МКЦ ќе биде отворен со промоција на романот „Ла Суперба“, во присуство на авторот – холандскиот писател Илја Леонард Фајфер. На македонски јазик неговиот роман го преведе Елизабета Божиновска.

– „Ла Суперба“ е ремек-дело на Фајфер, громогласно фалено со самото објавување во 2013 година, кога ги добило наградите „Либрис“, најпрестижната литературна награда во Холандија, и „Цум“, наградата „за најубава реченица напишана на холандски јазик“, соопшти издавачката куќа „Антолог“ која е организатор на книжевниот фестивал „Букстар“.

Фестивалот ќе се одржува до 3 ноември под слоганот „Читај бе, братучед, читај!“, инспириран од „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, чии филмови ќе бидат прикажани во рамки на програмата.

На третиот „Букстар“ ќе бидат претставени четворица европски писатели – покрај холандскиот автор Илја Леонард Фајфер, „Антолог“ ќе ги претстави и саркастичната писателка Јела Кречич Жижек, двајцата скандинавски мајстори на трилерите Хокан Несер и Јуси Адлер-Олсен, како и македонските автори Снежана Стојчевска и Игор Станојоски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска