„Граници“ – нова поетска книга на Михајло Свидерски

Од:

Во издание на издавачката куќа „Восток“, излезе од печат збирката поезија „Граници“ од Михајло Свидерски.

Според поетесата Ирена Павлова де Одорико, оваа збирка е „Распетие на егзилот“. Како што наведува, јазикот на поетот е прегнантен, дециден, јасен до неподнослива болка во изложувањето на концептот посветен на прогонствата и страдањата. Темата, посочува, е древна, мачевна и се бави со егзекуцијата на правдата на оние кои го изгубиле домот.

Авторката и книжевен критичар Маријана Јанческа пишува дека во „Граници“, поетот е гласноговорник на сите кои не стигнуваат до насловните страници на весниците, ниту пак до нашите молитви.

-Изразот на поетот е интроспективен и полн со егзистенцијални прашања и рефлексии за луѓето кои ги цртаат границите, но и оние кои катадневно ги поминуваат, истовремено поминувајќи низ рушевините на своето битие. Свидерски говори не само за индивидуалната, туку и за колективната меморија и историја, правејќи нè сите соучесници во приказната за егзилот, пишува Јанческа.

Михајло Свидерски е поет, романсиер, преведувач. Автор е на збирките поезија: „Низ сонот од магли и дождови“, „Ѕвезди што спијат“, „Граници и романите Бело и Црвено“. Ја добива наградата „Новите“ и „Последните денови на Ханс“. Учествувал на повеќе поетски фестивали и читања. Неговата поезија е преведена на англиски, руски, грчки, бугарски, српски, унгарски, баскиски и албански јазик.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска