Гран при за животно дело од Француската академија за Јордан Плевнеш

Од:

На предлог на претседателот на Универзитетот Сорбона 2, Пантеон Асас, најстарата француска институција – Француската акедмија, на македонскиот писател Јордан Плевнеш му ја додели Гран-при наградата, што го носи името на Анри Делуен, за афирмација на неговиот творечки опус во Франција и интернационалниот франкофонски простор, јави дописникот на МИА.

Како што е познато, Плевнеш живее и твори во Париз повеќе од три децеии, автор е на десетина драмски дела пишувани на француски јазик и играни во Европа и во светот.

Неговата драма „Среќата е нова идеја во Европа“ за која пишувале водечките светски медиуми Њујорк тајмс и Гардијан, во рамките на Балканската трилогија, заедно со делата на Данило Киш и Мирко Ковач, е играна во 120 театри во Франција.

Плевнеш е автор и на два романи на француски јазик, од кои првиот „Осмото светско чудо“ е објавен од Table ronde – Gallimard, а вториот роман, „Романот за Тајната книга“, кој заедно со македонско-францускиот игран филм е претставен на голем број водечки фестивали во светот.

Плевнеш исто така перманентно објавува авторски текстови во Ле Монд, Ле Фигаро, Ла Краа, Либерасион, и во врвни научни списанија. Неговите текстови и драми се објавувани и поставувани во поголем број членки на Интернационалната организација на франкофонија.

Во француската ревија Documentation Francais, Плевнеш е автор на обеменото научно истражување за покренувањето на дваесеттина ревии на француски јазик во европските метрополи, од страна на македонската интелигенција, која сонуваше за македонска самостојна држава во заедничкиот европски дом.

Француската академија ќе му ја додели наградата на Плевнеш на 2 декември 2021, под „Куполата на бесмтрните“ – како што се нарекува Француската академија, а лауреататот се очекува да биде придружуван од претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев и потпретседателот на МАНУ Живко Попов.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ