Гостување на камерниот хор „Херувими“ во Црна Гора

Од:

Камерниот хор „Херувими“ денеска со целовечерен концерт ќе гостува во Дворецот на крал Никола во Бар, Црна Гора.

Гостувањето е во соработка со Матица Црногорска во нашата земја, Културниот центар Бар, Туристичка организација Бар и Центарот за регионална соработка Подгорица.

На концертот под диригентско водство на Мирјана Павловска-Шулајковска, камерниот хор „Херувими“ ќе изведе творби од од византиската традиција од Јоан Хармосин-Охридски, Андон Шахпаски, Јане Коџабашија, Јован Кукузел, Јаков Протопсалт, Васил Иванов Бојаџиев и Манасиј поп Тодоров.

– Овие композиции се од оригиналните ракописи на невматска нотација, на црковно – музичките дејци од Македонија од 19-от и 20-от век. Изведувајќи ја оваа програма, хорот „Херувими“ дава придонес за зачувување на музичката историја и културното наследство на Македонија, соопштуваат од камерниот хор „Херувими.

Би можело да ве интересира

Професионалниот мешан хор „Про Арс“ вечерва на „Охридско лето“

Ана Ололовска

Новогодишно-божиќен концерт во Велес

Ана Ололовска

Новогодишен концерт на Академскиот хор „Мирче Ацев“ во Делчево

Ана Ололовска

Хорот на КУД „Стив Наумов“ – Битола гостува во бугарскиот град Дупница

Ана Ололовска

Концерт во Париз на „Света Злата Мегленска“ на Денот на независноста

Ана Ололовска

Од денес до сабота, меѓународен хорски фестивал „Скопје Пее“ („Skopje Sings”)

Ана Ололовска