Гордан Николов назначен за амбасадор на Форумот на словенските култури

Од:

Директорот на Музејот на Република Северна Македонија Гордан Николов е назначен за амбасадор на Форумот на словенските култури.

– Николов е назначен за амбасадор на Форумот на словенските култури поради исклучителниот и скапоцен придонес за препознатливоста на установата и воспоставувањето на меѓусебни врски меѓу словенските култури, соопшти Музејот на Република Северна Македонија.

Гордан Николов бил назначен од страна на директорката на Форумот д-р Андреја Рихтер на свеченоста по повод јубилејот – 15 години на Форумот на словенски култури.

Нашата држава е членка на Форумот од самото негово основање, а Гордан Николов во својство на претставник на нашата земја е член на програмскиот колегиум на Форумот и член на жири-комисијата за доделување на наградата „Жива“.

Петнаесетгодишниот јубилеј на Форумот на словенски култури и отворањето на 31. Меѓународен музички фестивал „Imago Sloveniae“ беше одбележан со голем симфониски концерт во центарот на Љубљана. На свеченоста присуствуваа и амбасадорот на Кралството Холандија во Република Словенија, Дерк Јан Наута, Божо Бишкупиќ, поранешниот хрватски министер за култура, Дубравка Ѓуриќ Немец, поранешн помошник министер за култура на Хрватска и Владимир Копцл, познат книжевник од Република Србија, кои исто така беа прогласени за амбасадори на Форумот на словенсите култури.

Би можело да ве интересира

Фестивал во чест на починатиот актер Бошко Бозаџиевски од Гевгелија

Ана Ололовска

Се поставуваат информативни табли за културно-историски споменици во Струмица

Ана Ололовска

„КЦ 750: Турни ме да кинисам“ вечер во МКЦ

Ана Ололовска

Концерт на Интернационалниот младински оркестар „Bisyoc“

„Ноќ на разноличноста“ вечер на „Лето на тетовската култура“

Исмаили: Да се организира две децении Меѓународен саем на книгата во Улцињ значи да се изгради летен културен идентитет на градот

Ана Ололовска