Голема Завршна изложба во средното уметничко училиште Лазар Личеноски во Скопје

Од:

Вечерва со почеток во 20 часот во просториите на средното уметничко училиште Лазар Личеноски во Скопје, ќе се одржи големата Завршна изложба.

Учениците од прва до четврта година ќе се претстават со свои слики, скулптури, графики, ентериерни решенија, цртежи, керамики, но и видеа, фотографии и дигитални принтови.

На изложбата ќе бидат додоелени и наградите за првенци на генарацијата, а воедно и Н.Е амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри ќе додели благодарници на учениците кои учествуваа во проектот реализиран со подржка на Италијанската амасада, а со наслов „Canova Art Station“ работен по повод 200 години од упокојувањето на големиот Антонио Канова.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“