Голема изложба во Галерија „КО-РА“ по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата

Од:

И оваа година, изложбата по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата ќе биде одбележан со голема изложба која здружува бројни учесници од повеќе генерации, која ќе биде отворена на 21 март во 13 часот во Галерија „КО-РА“ – голем салон и мал салон во Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје.

Оваа традиционална мултимедијална изложба која Ј.У. Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје како предвесник на оваа глобална проблематика почнува да ја организира уште од 1991 година со првиот мултимедијален хепенинг во соработка со Францускиот културен Центар во Скопје, по што следат секоја година посветени на оваа проблематика бројни хепенинзи, перформанси, дефилеа на стотици костимирани ученици со еколошки пораки.

Евидентно е во континуитет дека секоја година се надоградуваа и ширеа сите разнообразни форми на ангажман и дејствување и се ангажираа се поголем број учесници како од земјата така и од надвор со единствена и заедничка цел да се се побуди свеста за значењето на оваа актуелна проблематика од глобално значење за опстанокот на нашата планета Земја, а воедно и да се се поттикнува и заедништвото и креативната визијата кај секој поединец, за дејствување во сите сфери на општеството ширум светот, за одржлив развиток, за редефинирање на нашата свест и нашиот однос кон природата и запазување на најзагрозените видови и енергетски ресурси, истакна Виолета Калиќ, која е куратор на овој тридецениски проект.

Оваа година помеѓу учесниците се бројни учесници од земјата, како и од надвор, а веќе се пристигнати делата на м-р Моника Радхоф Трол – Германија, Ирена Паскали – Германија, Паул Венг – САД, Рон Миерс – САД, Тепо Корте – Финска, Петра Јовановска – Чешка.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“