Голем интерес за македонистиката во Риека

Од:

Директорката на Меѓународниот семинар по македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска во рамки на работна посета на Хрватска, го посети Универзитетот во Риека каде што е голем интересот за македонистиката.

– Од 2008 до почетокот на оваа академска година, низ Лекторатот по македонски јазик минаа околу 2000 студенти. Но, досегашните постигнувања обврзуваат да се преземат конкретни активности за натамошно продлабочување на перспективите за македонистиката во Хрватска и поддршка на работата на овој, најнов, но во моментов најброен лекторат по македонски јазик, информира МСМЈЛК.

На состанокот со проф. д-р Александар Мијатовиќ, декан на Филозофскиот факултет, при којшто функционира Лекторатот по македонски јазик, се разговараше за предлози за конкретни активности коишто би се оствариле во следните две години.

– Конкретно, меѓу другото, се разговараше и за активности за одбележување 15 години од формирањето на Лекторатот, во 2023 година, вклучително и објавување монографија, бидејќи како што објавија хрватските медиуми, „Филозофскиот факултет во Риека, полека постанува втора татковина на Македонците“, водејќи се од мислата на Блаже Конески дека јазикот е татковина. Особено радува што на состанокот се иницираше да се организира и научен симпозиум за македонско-хрватските јазични, книжевни и културни врски… Цврстата определба за спроведување на низата активности се потврди и на состанок со професори од Отсекот за кроатистика, предводен од проф. д-р Дејан Дуриќ, соопшти МСМЈЛК.

Поддршка за сите активности дале и амбасадорот во Хрватска Милаим Фетаи и директорката на Културно-информативниот центар на РСМ во Загреб, Наталија Поповска.

На состаноците присуствувал и проф. емеритус Горан Калоѓера, кој се заложи за основање на Лекторатот по македонски јазик. Тој тогаш беше проректор на Универзитетот во Риека на кој предмети од областа на македонската книжевност и култура имало и во 1980-тите години.

Лекторатот почна со интензивна работа уште од неговото формирање, со голем број студенти кај првиот лектор, д-р Васил Тоциновски. По него, лектор во Риека беше м-р Ана Азеска, а во моментов е м-р Биљана Стојановска.

Во рамките на работната посета, Мојсова-Чепишевска, амбасадорот Фетаи и директорката на КИЦ на РСМ во Загреб, Поповска, остварија средби и со претставници на членството на македонските друштва „Илинден“ во Риека и „Св. Кирил и Методиј“ во Пула.

МСМЈЛК во соопштението наведува дека интересот за македонскиот јазик кај нив е толку голем, што лекторката Стојановска изведува настава по македонски јазик и во основно училиште во Риека.

Би можело да ве интересира

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

Орце Костов

Донесен Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик не е и нема да биде прашање за преговори или компромиси

Мојсова-Чепишевска: Уште утре треба да почне новото поглавје на развојот на македонистиката во Риека

Ана Ололовска

Институции и културно-историски знаменитости вечерва ќе бидат обоени во чест на македонскиот јазик

Ана Ололовска

Чествување на македонскиот јазик во УКИМ, доделени признанија за придонес за афирмација на македонистиката