Годишно собрание на МАНУ

Од:

Македонската академија на науките и уметностите е институција која законски е обврзана да партиципира во научната и културната политика на државата и во развојот на науките и уметностите, истакна претседателот на оваа институција академик Владо Камбовски на денешното годишно собрание.

Нејзиниот активен однос кон овие задачи, рече Камбовски, е наложен од потребата за забрзување на процесот на интеграциите на Република Македонија во подрачјата на високото образование, истражувањето и технолошкиот развој заради нејзино пристапување во ЕУ како единствен простор на знаење, истражување и технолошки развој.

Осврнувајќи се на реализираните активности во 2014 година, академик Камбовски нагласи дека програмата за работа за годинава е конципирана врз идејата за континуитет со нејзините активности и правци на развој, кои на среден и долг рок обезбедуваат стабилност, интегритет, независност и ефикасност.
Во тој контекст меѓу другото планирано е организирање 13 научни собири и конгреси, 17 свечени собири, 14 предавања, 9 промоции на дела и изданија на МАНУ, 7 изложби, 8 тркалезни маси и една работилница.

Издавачката дејност годинава треба да забележи значително зголемување на својот обем, односно планирано е објавување на 9 зборници на трудови од одржани научни собири, 23 периодични и 49 посебни изданија, како и каталози за изложби, билтени, предавања…

Академик Камбовски најави и продолжување на меѓународната соработка со академиите и научните институции од другите држави со кои се потпишани договори.

– Остварувањето на Програмата која поаѓа од амбициозни, но реално зацртани цели, со зголемен број на проектите и други активности и бројни носители на програмските задачи, несомнено создава тешкотии во следењето на нејзината реализација. Не е востановена, но би требало да се востанови нова практика на периодично разгледување на резултатите пред одделенија, центрите и органите на Академијата заради подобро планирање и координирање на одделените азадчи, рече Камбовски.

Би можело да ве интересира

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

Академик Живко Попов нов претседател на МАНУ

Промоција на монографијата „Газанфер Бајрам“

Ана Ололовска

Сè уште трае штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ

Ана Ололовска

Годишно собрание на МАНУ

Од:

Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе одржи 46. Годишно собрание, на кое ќе бидат разгледани Извештајот за работата  во 2012 година и Програмата за работа во 2013 година.

Претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски, ќе поднесе експозе на тема „Македонската академија на науките и уметностите во 2012 и 2013“.

За годишните сметки на МАНУ за 2012 година и за финансиските планови за 2013 година излагање ќе има потпретседателот на Академијата Љупчо Коцарев.

Би можело да ве интересира

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

Академик Живко Попов нов претседател на МАНУ

Промоција на монографијата „Газанфер Бајрам“

Ана Ололовска

Сè уште трае штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ

Ана Ололовска