Георгиески до Стефоска: Ако министерката сака да помогне во делот на отстранување на објектите, да помогне да се обезбедат 60 милиони денари

Од:

Не постои законска можност за одземање на ингеренциите на општината Охрид. Со ваква реакција се јави градоначалникот Констанин Георгиески, по најавата на министерката за култура Ирена Стефоска дека ќе иницира до Владата им ги одземе ингеренциите на општините Охрид и Струга во делот на заштитата на културното и природното наследство поради непридржување кон стандардите на УНЕСКО.

Таа иницијативата ја најави заради градежните активности на објектот „Парк“ – Охрид кои ќе предизвикаат уништување на објект од културно наследство. Градоначалникот Георгиески, ја повика министерката Стефоска, да делуваат заеднички за надминување на проблемите.

„Изненаден сум од изјавата на министерката за култура за одземањето на ингеренциите на општина Охрид. Прво, таква законска можност каква што таа кажува воопшто не постои. Имено, според законот, централната власт на локалната власт може условно да и ги одземе ингеренциите само за одреден предмет или за конкретен случај, а не целосно. Тоа може да го направи само во случај ако локалниот инспекторат не постапува па надлежноста ја презема државниот. Досега по сите предмети согласно нашите ингеренции сме постапувале и немало барање односно потреба за интервенција на државниот инспекторат. Второ, од денот кога е донесен планот за управување, Општина Охрид во целост го почитува и спроведува, нема ниеден случај во кој сме постапиле спротивно на планот. Трето, ако министерката вистински сака да помогне во делот на отстранување на објектите, треба да помогне да се обезбедат 60 милиони денари финансии кои повеќе пати ги бараме. За да можеме да ги имплементираме сите препораки за рушење на се она што е законски издржано и маркирано како значителен штетен импакт кон езерото статусот и животната средина, потребни се овие финансии кои општината ги нема. Се што досега беше во рамки на можностите на општината направивме и покажавме храброст и решителност и отстранивме сериозен дел од објектите. За крај, ако министерската алудира на тоа дека општината недоволно се ангажира за заштита на културното и природното наследство, јас одговорно тврдам дека за две и пол години колку што јас сум градоначалник се направени повеќе активности во насока на заштита отколку за последните 20 години“, напиша Георгиески во статусот на „Фејсбук“ како реакција на изјавата на министерката за култура.

По информациите за рушење на објектот „Парк“, „Охрид SOS” поднесе иницијатива за итен инспекциски надзор до Инспекцискиот совет, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Државниот управен инспекторат, поради, како што се посочува, прекршувања на одредби од Законот за градење. И покрај поддршката на иницијативата од граѓанскиот сектор и Асоцијацијата на архитекти на Македонија за заштита на хотелот „Парк“ како архитектонско наследство, инвеститорот веќе почнал со рушење на кровната конструкција на објектот со цел изградба на нов четирикатен хотел.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов