Фред Фрит ќе настапи во Скопје

Од:

Во рамките на својата актуелна европска турнеја, во Скопје доаѓа англискиот мултиинструменталист, композитор и импровизатор Фред Фрит. Концертот во организација на „Скопски џез фестивал“ ќе се одржи вечерва, во камерната сала на Македонска филхармонија, со почеток во 20:00 часот.

„Јас сум автор, композитор, мултиинструменталист и импровизатор кој музицира главно на различни пермутации на електрична и акустична гитара. Понекогаш користам и еден куп доманаправени жичени инструменти кои се плод на мојата имагинација. Научив како се компонира во рок-бендови, почнувајќи со Henry Cow во 1968 година. Ова подразбира пишување за и со луѓе што добро ги познавам, и потоа потрага по финалниот резултат низ еден колективен истражувачки процес. Во годините со Henry Cow се вљубив во студиото за снимање и во неговите бескрајни можности. Воодушевен сум од идејата за ‘работата’ како незавршена и постојано отворена можност за промена на ентитетот. На суштината. Импровизацијата, сценографијата на звукот во студиото и третирањето на композицијата како отворен процес остануваат во средиштето на мојата размисла каква треба да биде музиката“, вели Фрит.

Билетите ќе чинат 600 денари.

Би можело да ве интересира

Започнува 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Ана Ололовска

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Во недела започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес

Горан Наумовски

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска