„FRAUENKIRCHE – фото приказна“ на Александар Кондев во „Мала станица“

Од:

Во Националната галерија вечер во 20.00 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „FRAUENKIRCHE – фото приказна“ на реномираниот македонски фотограф Александар Кондев.

Фото приказната за катедралата Frauenkirche во Дрезден Александар Кондев ја започнува во 1998 година и таа траеше цели дваесет години – до јуни 2018 година. Во тој временски распон Кондев во повеќе наврати го фотографира „враќањето во живот“ на оваа катедрала, инаку речиси целосно уништена од сојузничките бомбардирања во последните месеци на Втората светска војна.

Овој проект на Кондев претставува предизвик на неколку рамништа, меѓу кои два се во самиот фокус: реконструкцијата на катедралата Frauenkirche и фото-приказната на уметникот за тој процес. Изложбата ги поврзува, ги „документира“ двата процеса истовремено: текот на реконструкцијата на катедралната црква и субјективната интерпретација на тој процес како самостоен, авторски „проект во процес“ на Александар Кондев. Целосно соживеан со овие процеси фотографскиот апарат на Кондев селектира – од широки („информативни“) планови, преку себедоволни архитектонски детали и конструкции, до она без што еден религиозен објект не би бил тоа што е’: луѓето во него.

Куратор на проектот е виш кустос, Златко Теодосиевски. Изложбата ќе биде достапна за публиката до 11 јуни 2019 година.

Би можело да ве интересира

Музеј на Град Скопје со изложба во Нови Сад одбележува 70 години постоење

Ана Ололовска

Во Крива Паланка изложби по повод 30 години творештво на Роберт Цветковски

Ана Ололовска

Изложба на „Уметничка меѓународна група со пријателите“

Ана Ололовска

Зоран Арсовски со самостојна изложба во Белград

Почнува 45-та Меѓународна ликовна колонија „Куманово“ во Пелинце

„Бранови и мисли“ – изложба на слики од Наташа Попоска Карче