„Форми во црно“, ликовна изложба на Мице Јанкуловски во музејот „Куќа на Робевци“ во Охрид

Од:

Во атрактивниот галерсики простор на музејот „Куќата на Робевци“, во Охрид, од синоќа е отворена изложбата „Форми во црно“ на Мице Јанкуловски. Куратор на изложбата е Корнелија Конеска. Изложбата е во организација на НУ Завод и Музеј од Охрид.

Пред поголемиот број присутни, љубители на ликовната уметност, Јанкулоски говореше за неговата емотивна поврзаност со Охрид, неговата инспирација и култно животно опкружување.

Мице Јанкуловски е исклучителен мултимедијален уметник кој истражувал разни дисциплини во уметност од неговата најрана возраст – од цртеж до слика, користејќи разни материјали и техники вклучувајќи сатирично сликарство на стакло, од палиндром до карикатури и анимирани филмови. Неговото творештво, кое опфаќа разни медиуми, го рефлектира неговиот поглед кон светот како реалност што постојано се менува, во која многу работи се движат низ времето и просторот преклопувајќи се на рамнина што се протега бескрајно далеку…

Мице Јанкуловски има одржано над педесет самостојни изложби во престижни простори во својата земја и на меѓународната сцена, како во палатата „Ка ‘Занарди“ во рамките на „Остен-павилјон Венеција“, Италија, галеријата „Лола Николау“ во Солун, Грција; Градската галерија во Варна, Бугарија; „Архиви дела мизерикордија“ во Венеција, Италија; Devlet Resim Heykel Muzesi во Анкара, Турција; Југословенскиот културен центар во Париз, Франција, и голем број групни изложби.

Добитник е на највисоки меѓународни награди за творештво: наградата за животно остварување „Лоренцо ил магнифико“ на Фиренца биенале, Италија, оваа година, наградата „Уметник на светот“ на биеналето „Ларнака“, Кипар 2018, гран при на Меѓународното биенале на графика во Варна, Бугарија, во 2017 и многу други…

Оваа 2019 година Мице Јанкуловски одбележува 50 години уметничко творештво и до крајот на годината ќе има самостојни изложби во Прилеп, Куманово, Тетово, Торино, Италија; Стент Петербург, Русија и Солун, Грција – изложба со дела од Пикасо.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“