Фолклорни ансамбли од три континенти на фестивалот „Илинденски денови“

Од:

Центарот за култура-Битола е подготвен за 49. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. На фестивалските сцени во Битола ќе настапат над 1000 членови на македонски и на фолклорни ансамбли од Мексико, Индија, Русија, Израел, Белгија и од Италија, најави Маја Андоновска-Илијевски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

-Фестивалските денови ќе почнат со претпрограма, ретроспективна изложба „60 години творештво на Панде Петровски“, а во пресрет на свеченото отворање на 27 јули, ден претходно ќе отвориме изложба за абориџинската култура која ја подготвивме во соработка со Амбасадата на Австралија во Белград. Оваа година востановивме и новина, односно фестивалски карван кој ќе се реализира во општините Демир Хисар и Новаци, најави Андоновска-Илијевски.

Според селекторот на фестивалот, Валентин Соклевски, „Илинденски денови“ се столб за чување на автентичната и народната култура на Балканот и во светот.

-„Илинденски денови“ се единствениот македонски фестивал на картата на светските фестивали со сертификат на ЦИОФФ. И оваа година на фестивалот ќе бидат презентирани автентични и изворни македонски вредности за што ќе се погрижат 30 фолклорни ансамбли од државата, но и од странство, кои ќе пренесат пораки за мир, соживот, развој и чување на автентичната култура, рече меѓудругото Соклевски на прес-конференција во Битола.

Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Северна Македонија и со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска