Финишира изградбата на ротирачката сцена и амфитеатарот на Китино Кале

Од:

Дел од проектот за ревитализација на Китино Кале е изградба на ротирачка сцена и амфитеатар на највисоката кота на калето, над Спомен костурницата. Изведувачот на работите најави дека овој објект ќе биде завршен најдоцна до средината на мај.

-Еден од најуникатните објекти што ќе биде изграден во рамките на проектот за ревитализација на Китиното Кале е амфитеатарот со ротирачка сцена на врвот од калето, каде во потоплиот период од годината ќе се организираат театарски претстави, ќе настапуваат музички групи и ќе се одржуваат други настани. Со изградбата на овој објект и нашиот град по примерот на Охрид и Битола, ќе добие амфитеатар со летна сцена. Според проценките на изведувачот а, и нашите проценки, овој објект ќе биде завршен најдоцна до средината на мај, рече Дарко Белески, проект- координатор за ревитализација на Китино Кале.

Тој апелира до граѓаните се она што е изградено во рамките на овој проект да биде и зачувано, бидејќи уште недовршен проектот, се девастираат детските играчки, се фрлаат разни предмети во фонтаните, а на клупите за одмор фигурираат разни написи.

При минатогодишната посета на калето хрватската амбасадорка во земјава Нивес Тигањ, најави гостување на позната театарска група од Загреб на оваа сцена по завршувањето на изградбата.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ