Филмскиот фестивал за млади „Џифони“ допатува во Струмица

Од:

Во Струмица денеска и утре се одржува Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“. Околу 600 ученици од седмо, осмо и деветто одделение, како и ученици од средните училишта се запознаа со овој фестивал, кој 48 години опстојува во Италија.

– Почнал кога директорот на фестивалот имал само 18 години. Решил да прави фестивал во Италија, во гратче кое во тоа време имало околу три илјади жители. Ги убедил своите другари и пријатели да ги соберат столовите од дома и да ги донесат на плоштадот и да проектираат филмови. Денес овој фестивал е најголем во светот посветен на младите, рече Дарко Башески од „Џифони Македонија“.

Фестивалот за отворен во Струмица го прогласи градоначалникот, Коста Јаневски.

– Иако филмовите се главен сегмент на овој културен настан, тој сепак претставува повеќе од филмски фестивал, затоа што истиот го промовира концептот на издигнување на младите генерации преку дијалог, размислувања, идеи и искуства на младите од различни култури и религии, рече градоначалникот Јаневски.

По проектирањето на филмови учениците дебатираа под водство на актерката Оливера Аризанова Мансбарт, која е и ментор на актерската работилница.

Фестивалот „Џифони патува“ во изминатиот период се одржа во Велес, Крушево, Берово, Тетово, Штип, Охрид, Битола и во Прилеп, а до крајот на годинава ќе продолжи во Кочани, Струга и Гостивар.

Би можело да ве интересира

Едукативни филмски работилници за деца

Ана Ололовска

Патувачката училница „Живот на социјалните мрежи“ во Градскиот парк

Ана Ололовска

Премиера на средношколскиот филм „Светлина“ на фестивалот „Џифони Македонија“

Ана Ололовска

Седмиот „Џифони Македонија“ со 650 деца и млади од десет земји

Ана Ололовска

Филмскиот фестивал „Џифони патува“ во Кавадарци на 19 и 20 јуни

Ана Ололовска

Филмскиот фестивал „Џифони патува“ денеска и утре во Радовиш

Ана Ололовска