„Филмска култура“ со домашни наслови во Тетово, Битола и Скопје

Од:

Манифестацијата „Филмска култура“ по повод 30-годишнината од независноста на државата, во изминатите два дена беше организирана на отворено во Битола и Тетово и беа прикажани наслови од домашната кинематографија.

Филмски проекции денеска ќе почнат и во Скопје – во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката, каде што вечер од 20 часот ќе бидат прикажани „Камена градина“ и „Кобра“, двата снимени во 2018 година.

Програмата во Тетово денеска продолжува со проекции на филмовите „Црвената соба“ (2016) и „Летечкиот циркус“ (2019). Во Битола исто така ќе биде прикажан „Црвената соба“, како и филмот „Хомо“ (2020).

Манифестацијата „Филмска култура“ ја организира продукцијата „Црна мачка“, согласно со здравствените протоколи за заштита од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето