Филмови од Столе Попов на шестата „Синеманија“ во Струга

Од:

Од денеска до 18 август во Струга ќе се одржува шестиот летен филмски фестивал „Синеманија“, во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, во соработка со Кинотека на Македонија и „Синема кафе“.

На фестивалот ќе бидат прикажани филмови од Столе Попов. Ќе почне со проекција на филмот „Црвениот коњ“, утре ќе биде прикажан „Среќна нова 49“, в петок стружани ќе имаат можност да го погледнат „Тетовирање“, а ден потоа „Џипси Меџик“. Последната фестивалска вечер е резервирана за документарците „Оган“, „Австралија, Австралија“ и „Дае“.

Проекциите ќе почнуваат во 21 часот на отворената Летна сцена на Центарот за култура, а влезот е слободен.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето