Филмот за деца и тинејџери „Хакер“, синхронизиран на албански јазик, во Кинотека

Од:

Во Кинотека вечер ќе биде премиерно прикажана семејната акција „Хакер“ наменета за најмладите гледачи над 8-годишна возраст, синхронизирана на албански јазик.

Филмот во режија на Пол Берг кој беше најдобар на Stockholm Film Festival Junior минатата година, е за 13-годишниот врвен хакер Бенџамин. Тој живее во дом за сираци. Еден ден го посетуваат двајца мажи од Тајната разузнавачка служба на Данска и го известуваат дека една жена за која веруваат дека е мајка му, била регистрирана од надзорните камери на аеродромот неколку дена порано. На почетокот, Бенџамин е шокиран од веста. Сепак, решава да ја испита работата и да види што навистина се случило.

Проекцијата ја организира продукциската и дистрибутерска куќа „Катавеј“ од Скопје, која во последните три години ги прикажа детските филмови „Кариран нинџа“, Неверојатната приказна за џиновската круша“ и „Малиот гангстер“.

Проекциите во Кинотека и онлајн се во рамки на проектот KidSquare – детско катче поддржан од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката

Ана Ололовска

Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека

Ана Ололовска