Филмот „Сестри“ на Дина Дума инспириран од вистински настан

Од:

Филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума го отвори 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Режисерката Дума изјави дека инспирација за филмот бил настан кој се случил во нејзиното училиште.

– Вистинит настан беше инспирација за филмот и се случи во моето училиште, а случајот се појави и на вести. Од почетокот на идејата до денес се поминати пет години и сметам дека толку време е потребно за еден филм. Три години се развиваше сценариото, снимавме шест недели на различни локации низ Скопје, а за да ги најдам овие прекрасни млади дами кои глумат во филмот ми требаа шест месеци. Заедно се подготвувавме низ разговори, а за мене беше најважно да се вистински тинејџери. За мене нивниот свет е познат бидејќи до неодамна и јас бев скоро тинејџерка, рече Дума.

Таа се надева дека филмот ќе допре до нејзината таргет група – младите и тинејџерите, до нивните родители.

– Процесот на снимање беше сложен. Од самиот избор на локации, избор на костими, боите, траеше долго. Го креиравме заедно со Дина и резултатот го видовте. Сцените под вода беа предизвик и за Дина и за мене и за екипата. Во поглед на техничкиот дел можеби денеска сето тоа е многу поедноставно отколку што било тоа порано, меѓутоа се соочивме со секакви проблеми. Во Македонија, пред сè не постои опрема за подводно снимање и моравме да ја изнајмиме од Хрватска, да дојде специјална екипа која се грижеше за опремата, имавме нуркачи, објасни Наум Доксевски, кинематографер на филмот „Сестри“.

Авторот на музиката Игор Василев Новоградска истакна дека досега не работел на сличен филм како овој на Дина.

– Немаше многу простор за музицирање, филмот е доста поетичен, има преубави сцени во вода, музиката требаше само да го поддржи тоа поетизирање, рече Василев.

Би можело да ве интересира

Филмот „Сестри“ национален кандидат за наградата Оскар за најдобар интернационален филм

А1он