Филмот „Петрунија“ ја освои главната награда на фестивал во Дортмунд

Од:

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска ја освои главната награда на фестивал во Дортмунд, Германија, (Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival) која има и парична вредност од 15.000 евра. Фестивалот се оджуваше од 9 до 14 април. Посветен е на женски автори и во главната конуренција се избираат само осум филма од целиот свет кои се натпреваруваат за главната награда.

-Овојпат тричленото жири се одлучи за Петрунија, кој очигледно наидува на одличен прием кај германската стручна филмска јавност. Доделувајќи ја наградата жирито рече: „Oдлучивме да ја доделиме главната награда на овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата, соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“.

За да ја прими наградата на завршната церемонија на фестивалот, режисерката Стругар-Митевска допатува од филмскиот фестивал „Go East“ во Визбаден, каде што е претседател на интернационалното жири. „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на 10 април го отвори фестивалот во Визбаден, а проекција имаше и на 12 април.

Овој месец филмот ќе гостува на шест фестивали, меѓу кои и во Москва, каде што е откупен за дистрибуција во Русија и Украина. Интернационалниот продажен агент „Пирамид“, пак, кој ги откупи правата за дистрибуција на француската територија, на 1 мај ќе ја почне дистрибуцијата во 60 киносали низ цела Франција, од кои седум во Париз.

Филмот патува и низ земјава и по прикажувањата во Скопје, Битола и Прилеп, на 20 и 21 април ќе биде прикажан и во Штип, градот во кој беше сниман.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето