Филмот „Километар во туѓи чевли“ награден на фестивалот на авторски филмови „Профест“ во Србија

Од:

Во конкуренција од 167 авторски трудови од 14 подунавски земји, филмот „Километар во туѓи чевли“ на авторката Кристина Алексиеска во продукција на Телевизија морис, викендот беше награден со специјално признание за посебен квалитет на авторскиот труд на 10-от по ред јубилеен меѓународен фестивал „Профест“.

Годинава темата на фестивалот кој се одржа во Бачка Топола во областа Панонија, Република Србија беше „Убавината на различностите“. Фестивалот на авторски филм од земјите од подунавскиот регион „Профест“ е во организација на РТВ „Тренд“ од Бачка Топола, Србија.

Целта на конкурсната тема „Убавината на различностите“ е да се промовираат толеранцијата, мултијазичноста, мултикултурноста на народите, религијата, убавината на обичаите и различностите.

Покровители на фестивалот се Министерството за култура на Република Србија, како и Покраинскиот секретаријат за култура, јавно информирање и односи со верските заедници.

Имено, во фимот „Километар во туѓи чевли“, главната улога ја играат чевлите. Преку инверзијата која ја користи авторката се покажуваат карактерните разлики меѓу луѓето, поставувајќи си себеси предизвик: да изоди еден километар во различни чевли, пренесувајќи ја пораката, пред да осудите некого, пробајте да бидете барем еден километар во неговите чевли.

„Километар во туѓи чевли“ беше единствениот номиниран филм од нашата држава.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето