Филмот „И(с)згубени“ на охриѓанецот Вељаноски номиниран за две награди на „Сохо“ филмскиот фестивал во Њујорк

Од:

Македонско-чешкиот краток игран филм „И(с)згубени“ на охридскиот режисер Антонио Вељаноски е номиниран за најдобра главна улога и најдобар филм во категоријата на Меѓународниот филмски фестивал „Сохо“, што се одржува во Њујорк, САД.

„И(с)згубени“ е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во пошта, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот.

Главните улоги ги толкуваат Јан Качер и Марие Дурнова, ко-сценарист на филмот е Алице Крајчирова, директор на фотографија е Владимир Димоски, музиката е на Игор Василев – Новоградска, а продуценти на филмот се Елена Станишева и Зоран Вељаноски – Летра.

Филмот досега има свои проекции на десеттина домашни, како и престижни филмски фестивали во Ирска, Јапонија, Велика Британија и САД.

Би можело да ве интересира

Објавен е официјалниот трејлер на филмот „Дара од Јасеновац“, српски кандидат за Оскар

Ана Ололовска

Србија: Државата ќе покрива најмалку четвртина од трошоците за снимање филмови и серии

Жарко Настоски

„Хомо“ на Игор Иванов-Изи во официјалната програма на фестивалот во Гоа

Ана Ололовска

Светска премиера на „Хомо“ во јануари на 51. ИФФК во Гоа

Ана Ололовска

Доделени наградите на 49. Државен фестивал на непрофесионален филм

Ана Ололовска

Тетовците Ана Андонова и Глигор Кондовски ги освоија главните награди на Државниот фестивал на непрофесионален филм

Жарко Настоски