Филмот „Хомо“ на Игор Иванов на Интернационалниот филмски фестивал во Софија

Од:

По 51. ИФФИ Гоа во Индија, Интернационалниот филмски фестивал во Софија го селектираше дологметражниот игран филм „Хомо“ на Игор Иванов во натпреварувачката програма „Балканска компетиција“ на своето 25-то издание, кое е во тек и ќе трае до 31-ви март.

Премиерната проекција на филмот е закажана за 14 март во Кино Одеон во 20:30 часот, а тој ќе биде прикажан и на 24 март во Дом на Киното во 16:00 часот.

„Хомо“ е снимен по сценарио на Игор Иванов и Сашо Кокаланов. Продуцент е Томи Салковски, Маја Радошевиќ – кинематографер, Кирил Спасески – сценограф, шминка и фризура – Аленка Нахтигал, костимограф Полонца Валентинчиќ, Мaртин Иванов – монтажа, дизајн на звук – Борис Трајанов, автор на музиката е Зоран Спасовски, а во филмот провејуваат и песните на Љупчо Константинов – „Еј ти, момче мадо“ и преработка на „Лиду ду“ од Григор Копров и Владимир Дојчиновски во изведба на Дани Димитровска.

Улогите ги толкуваат актерите Александар Матовски – Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Мајлинда Косумовиќ, Сашко Коцев, Оливер Митковски, Сергеј Димовски, Јоана Буковски, Себастијан Каваца, Јелена Јованова, Мони Дамевски, Мартин Манев и Славиша Кајевски.

„Хомо“ е копродукциска соработка на Скопје Филм Студио со: Арт енд попкорн од Србија, Гала Филм од Бугарија, Триггер од Косово и Иридиум Филм од Словенија. Филмот е поддржан од: Агенцијата за филм на Северна Македонија, Филмскиот центар на Србија, Националниот бугарски филмски центар, Косовскиот кинематографски центар и Словенечкиот филмски центар.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето