Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” доби повеќе признанија, ќе биде прикажан на седум фестивали

Од:

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 15. филмски фестивал Евроазија во Казахстан ја освои наградата за најдобро сценарио за сценаристите на филмот Елма Татарагиќ и Теона Стругар Митевска.

Месецов филмот ќе биде прикажан на седум фестивали, а ќе започне и негова кино дистрибуција во Кина.

Во рамки на турнејата овој месец филмот беше прикажан на филмски фестивал во Ерменија, а идната недела ќе биде емитуван пред хрватската публика на филмскиот фестивал во Пула.

Филмот претпремиерно ќе биде прикажан во филмски фестивал во Нов Зеланд од 18 јули до 11 август, како и на филмскиот фестивал во Одеса, Украина.

Годинава филмот се здоби со шест награди и ќе биде дистрибуиран во над 35 земји. Во моментов филмот се уште се прикажува во киносалите низ Франција и Швајцарија, а веќе е прикажан и на триесетина фестивали.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето