Филмот „Благодарение на Бога“ пред можна забрана за прикажување во Франција

Од:

Филмот „Благодарение на Бога” на францускиот режисер Франсоа Озон, кој беше награден со Сребрена мечка на последното Берлинале, се соочува со можна забрана за прикажување во кината во Франција, јаво дописникот на МИА.

Филмот на Озон, кој говори за скандалите со педофилија во Католичката црква и кој во саботата освои Сребрена мечка на на Филмскиот фестивал во Берлин, денеска ја очекува судската одлука дали ќе може да се прикажува во француските кино сали.

„Благодарение на Бога“ говори за здружението „Ослободен збор“, основано во Лион во 2015 година од страна на поранешните жртви на сексуална злоупотреба од страна свештеникот-педофил Бернар Прејна. Здружението тврди дека имало околу 85 жртви на овој свештеник.

Озон се најде во правниот виор на судските постапки и превирања поврзани со филмот, откако беше тужен од еден од адвокатите свештеникот Прејна, кој бараше одлагање на прикажувањето на филмот во Франција, чија премиер е закажана за следната среда. Расправата беше одржана во петокот, а судијата на Основниот суд во Париз треба да ја донесе својата одлука по барањето во текот на денешниот ден.

Поранешниот член на епархијата во Лион, Режин Мер, чиј лик се појавува во филмот со неговото вистинско име, исто така го тужеше Озон со барање неговото име да биде избришано од филмот. Расправата за овој случај ќе се одржи во Основниот суд во Лион.

– Не знам дали филмот ќе може да биде прикажан во Франција. Се соочуваме со голем отпор, изјави Озон на прес-конференција во Берлин по добивањето на наградата.

Озон, режисер на повеќе успешни филмови, како „Базен” и „Осум жени”, кој по петти пат беше во конкуренција за награди во Берлин, објасни дека е можно да биде одредена забрана за прижаување на филмот во Франција се до завршување на судењето на свештеникот Прејна, што се очекува да се случи кон крајот на 2019 или во 2020 година.

– Во таков случај, тоа ќе биде еден вид цензура, истакна режисерот.

Озин изјави дека со овој филм „фикција базирана на вистински факти”, во која се користат имињата на жртвите, но и на кардиналот Барбаријан, на отецот Прејна и Режин Мер, сакал да направи „граѓански филм што поставува прашања, не „филм за актуелните случувања или против Црквата.

– Мојот филм не е поставен на правен аспект, тој е поставен на човечки аспект и на страдањата на жртвите, истакна Озон, кој објасни дека тој првично „погрешно“ мислеше дека судењата ќе се одржат пред прикажувањето на неговото филмско остварување.

Темата на филмот е многу актуелна во Франција, откако на почетокот на јануари во Лион се одржа судењето на надбискупот на Лион, кардиналот Филип Барбаријан и на пет други лица за непријавување на сексуална злоупотреба и педофилски напади. Пресудата за овој случај се очекува на 7 март.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето