Филм за Виктор Вазарели во галеријата „Остен“

Од:

Во галеријата „Остен“ премиерно ќе биде прикажан портрет-филм на унгарскиот уметник со светска слава Виктор Вазарели. Проекцијата е овозможена во соработка со Амбасадата на Унгарија, а филмот е добиен од архивата на унгарската национална телевизија.

Во филмот уметникот зборува за себе и за своите дела и се содржани  многу податоци за неговиот живот и творештво. Покрај премиерната проекција напладне, денеска ќе има и две репризи на 55-минутниот филм, од 14 и од 16 часот.

Со прикажувањето на филмот во „Остен“ ќе биде затворена изложбата „Виктор Вазарели“, која галеријата ја организираше по повод Денот на Европа, во соработка со Делегацијата на Европската унија, Амбасадата на Унгарија, Францускиот институт и Македонски телеком.

Беа изложени околу 70 уметнички дела на овој светски познат уметник, најголем дел графики, но и  три цртежи, два колажа, четири дела со комбинирана техника и пет скулптури.

Творештвото на Вазарели (1906-1997) припаѓа на уметничкиот правец оп-арт –  оптичка уметност заснована врз интеракцијата меѓу реалната слика и имагинацијата или создавање уметност преку оптички илузии.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето