Филхармонија гостува со „Петре и волкот“ во Прилеп

Од:

Оркестарот на Филхармонија в петок, на 17 септември ќе гостува во Прилеп, каде што ќе ја изведе симфонискат поема „Петре и волкот“ од Сергеј Прокофјев. Концертот наменет за најмладата публика ќе се одржи во Домот на култура „Марко Цепенков“ со почеток во 20 часот.

Диригент е Борјан Цанев, а наратор, актерот Мартин Јордановски, кој ќе ги води децата низ авантурите на Петре.

„Петре и волкот“ е едно од најпознатите дела на рускиот композитор Сергеј Прокофјев и е неизоставен дел од репертоарот на сите симфониски оркестри, особено во театрите за деца. Делото е напишано за наратор и оркестар, чии поединечни инструменти или групи на инструменти ги претставуваат ликовите во приказната. На тој начин, младите слушатели се запознаваат со составот на оркестарот.

Приказната го следи Петре кој поминува некое време во куќата на својот дедо сместена во шума. Еден ден тој несакајќи ќе ја остави вратата од дворот отворена, и покрај тоа што дедото ќе го предупреди да него прави тоа, бидејќи во шумата живее опасен волк. Петре во тоа нема да верува, но кога навистина ќе се појави волкот, тогаш почнува неговата авантура, обидувајќи се да го фати…

Би можело да ве интересира

Мерсиха Шукри со концерт во Филхармонија ќе одбележи 20 години творење

Ана Ололовска

„Контемплација со Перт и Шнитке“ во Филхармонија

Ана Ололовска

Антологиското дело на Рајх за првпат со Филхармонија

Ана Ололовска

Симон Трпчески ја отвора новата концертна сезона на Филхармонија

Ана Ололовска

Откажано гостувањето на Белградската филхармонија

А1он

Белградска филхармонија во Скопје

Ана Ололовска