Фестивалот „Movies that Мatter” со проекција на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово

Од:

Хелсиншкиот комитет за човекови права и Амбасадата на Кралството Холандија денеска во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права организираат втора проекција од годинашното издание на филмскиот фестивал „Movies that Мatter”.

Проекцијата на филмот „Facing the dragon“ од режисерката Sedika Mojadidi, ќе започне во 13 часот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово по што ќе следи дискусија со професорката Беса Арифи, Џане Крешова – претседателка на Женски форум Тетово и Аделина Марку – новинарка.

– Документарниот филм е одличен медиум за да ги прикаже и доближи состојбите и прекршоците на човековите права, како и борбата за истите во различни делови на светот преку јазикот на филмот, како и да отвори дискусија за различните аспекти на човековите права прикажани преку избраните филмови, соопштуваат од Хелсиншки комитет за човекови права.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето