„Eвропски денови на културното наследството“ во Куманово

Од:

Манифестацијата „Eвропски денови на културното наследството″ во наредните денови со повеќе манифестации ќе се одбележува и во Куманово.

Проектот кој по 18-ти пат го организира и координира Музејот на Македонија предвидува посети на повеќе локалитети.

– Во рамки на одбележување на оваа манифестација на 21. септември годинава, предвидена е научна екскурзија која ќе опфати посета на постојаната музејска поставка, на црквата „Св. Ѓорѓи″ во Старо Нагоричане, локалитетот Кокино, Меморијалниот центар АСНОМ, и на локалитетот „Визјанус″, информира етнологот од НУ Музеј Куманово, Надица Петковиќ.

Во рамки на манифестацијата, Кумановскиот музеј организира ревија на етнолошки документарни филмови кои ќе бидат прикажани на 23. септември пред средношколците од гимназијата „Гоце Делчев″, кои ќе имаат можност да се информираат и едуцираат за македонското богато културно наследство.

Етнолошката изложба насловена „Појасите од кумановскиот крај″ од етнологот Валентина Илиевска, Кумановскиот музеј ја презентирана на 25 септември. Оваа изложба,како што информираат од Музејот, ќе биде надополнета и со етнолошката изложба на етнологот Наде Геневска од Битола. Етнолошката постановка опфаќа градски носии, фотографии и предмети од битолскиот регион.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ